Top Sport

Артета збесна на тврдењата на Тен Хаг дека Арсенал имале среќа со повредите

Менаџерот на лидерите во Премиерлигата, Арсенал, Микел Артета реагираше луто на тврдењето на ривалот од Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг дека „топчиите“ оваа сезона имале многу среќа со повредите.

На 11 кола пред крајот на шампионтот, Арсенал имаат пет поени предност пред Манчестер сити, со тие две екипи како реални конкуренти за титулата. Тен Хаг, пак, се пожали дека оваа сезона немал „целосен тим“ за работа поради повреди, оценувајќи дека „Арсена цело време го имаа комплетниот состав“. Артета не се согласува.

„Цела сезона се мачиме со повреда. Емил Смит Роу беше во аут четири месеци, Габриел Жесус исто така, Алекс Зинченко два и пол месеци, Томас Парти месец и половина, Еди Нкетија месец и пол. Имавме многу повреди, но се справивме со тоа“, вели Артета.

Сепак, статистиката делумно го потврдува тврдењето на Тен Хаг – фудбалерите на Арсенал комбинирано пропуштиле 79 меча поради повреда, Манчестер јунајтед имаат комбинирано 106 меча, додека апсолутни рекордери се Ливерпул со 162 меча.

Scroll to Top