Top Sport

Мурињо пак ги „боцна“ Лацио: Штета, трофејот ќе останеше во Рим, сега ќе оди во Фиренца

Пред неделното „Дерби дела капитале“ помеѓу Рома и Лацио, Жозе Мурињо не издржа да упати „боцка“ кон неговиот ривал Маурицио Сари и Лацио, откако тие испаднаа во Конференциската лига со нов 2:1 пораз од АЗ Алкмар. Со ова Фиорентина останува единствен италијански претставник во Конференциската лига, која лани ја освои Рома, додека „волчицата“ е во четврт-финалето на Лига Европа.

„Жал ми е за УЕФА, сега ќе мораат да трошат пари за да го носат трофејот од Конференциската лига. Можеше да остане во Рим, но сега најверојатно ќе оди во Фиренца“, вели Мурињо.

Рома и Лацио се среќаваат во недела навечер на „Олимпико“. Во првиот меч во ноември 2022, Лацио стигна до 1:0 победа.

Scroll to Top