Top Sport

Артур Мело ќе паузира три-четири месеци!

Кошмарот на Артур Мело по пристигнувањето на „Енфилд“ продолжува, откако британските медиуми тврдат дека тој има мускулна повреда која ќе го оддалечи од терените барем три-четири месеци.

Мело пристигна во Ливерпул на последниот ден од преодниот рок како позајмен фудбалер од Јувентус, во еден од најизненадувачките трансфери изминатото лето, но одигра само 13 минути за тимот на Јирген Клоп. Тој влезе во финишот на засрамувачкиот пораз од 4:1 од Наполи во Лиата на шампионите, по што беше на клупата, но не влезе во игра на мечевите против Ајакс и Брајтон.

Повредата ги потврдува шпекулациите дека 26-годишниот Бразилец пристигнал во Англија во лоша физичка подготвеност, по што беше пратен на тренинзи со У21 тимот на Ливерпул.

Scroll to Top