Top Sport

Диего Коста доби овации на „Стемфорд Бриџ“

Навивачите на Чесли не го заборавија Диего Коста, откако напаѓачот доби овации на „Стемфорд Бриџ“ во неговиот прв старт за неговиот нов клуб, Вулверхемптон во саботата.

Коста, кој паузираше од фудбалот речиси цела година, беше повлечен од игра во 57. минутаа, кога Вулфс веќе губеа со 2:0, и тој помина во должината на целиот терен, добивајќи аплаузи од публиката.

Коста е во добри сеќавања на навивачите на „сините“, откако во сезоната 2014/15 под Жозе Мурињо постигна 20 гола во 26 настапи, помагајќи да се освои титулата од Премиерлигата. Тој вкупно имаше 120 настапи за Челси во кои постигна 59 гола.

Scroll to Top