Top Sport

Артур Мело се враќа во Премиерлигата?

Вулверхемптон е заинтересиран да го врати Артур Мело во Премиерлигата. Играчот од средниот ред на Јувентус минатата сезона беше дел од Ливерпул, но не доби многу шанса за настап.

Менаџерот на Вулверхемптон, Хулен Лопетеги, е во потрага по ново засилување во средниот ред откако клубот се раздели со Рубен Невеш.

Јувентус нема намера да го задржи Артур Мело во клубот следната сезона и бара начин како да се ослободи од 26-годишниот фудбалер. Ова би била добра шанса за реализација на зделка.

 

 

Scroll to Top