Top Sport

Артур: Поубаво е со Роналдо, отколку со Меси

Фудбалерот од средниот ред на Јувентус, Артур во својата кариера имал шанса да игра со Лионел Меси и со Кристијано Роналдо, и објаснува зошто би го избрал сегашниот соиграч Роналдо пред Аргентинецот.

„Слушајте, двајцата се големи лидери, но имаат многу различен начин како го поставуваат своето влијание во тимот. Лео не зборува многу, но го чувствувате неговото присуство на теренот со неговиот талент и со желбата да се биде во главна улога. Крис, од друга страна, зборува многу со сите и е главен во соблекувалната. Нормално, и тој сака да ја има топката во нозе и да постигнува голови. Прашањето не е лесно, бидејќи двајцата се фантастични, но кога би бирал, би го земал Кристијано“, вели Артур.

Scroll to Top