Top Sport

Хрватска и Шпанија ги освоија првите места во своите групи

И покрај тоа што повторно не „блескаа“, Хрватска влегува во втората фаза на Светското првенство во Египет како првпопласирана од својата група за пресметка со Данска, Бахреин и Аргентина во втората фаза.

Во последниот меч, по едвај избореното реми со Јапонија и тешката победа над Ангола, тимот на Лино Червар беше подобар од Катар со 26:24 (13:11), правејќи предност од стартот на мечот и оддржувајќи го до финишот. Марио Мамиќ со шест гола и Мартин Штрлек со пет беа најефикасни кај „коцкастите“.

Шпанија исто така ќе пренесе три поени во втората рунда (каде што ќе се во група со Германија, Унгарија и Уругвај), откако лесно со 36:30 ја совлада репрезентацијата на Тунис. Анхел Фернандез беше убедливо најдобриот ракометар кај Шпанците со 10 гола во противничката мрежа.

СП ЕГИПЕТ 2021, 3.КОЛО

ГРУПА А

Уругвај – Зеленортски Острови 10:0 службено

Германија – Унгарија 20.30 ч.

Табела: 1.Германија 4, 2.Унгарија 4, 3.Уругвај 2, 4.Зеленортски О. 0

ГРУПА Б

Шпанија – Тунис 36:30 (17:14)

Бразил – Полска 20.30 ч.

Табела: 1.Шпанија 5, 2.Полска 2, 3.Бразил 2, 4.Тунис 1

ГРУПА Ц

Јапонија – Ангола 30:29 (16:12)

Хрватска – Катар 26:24 (13:11)

Табела: 1.Хрватска 5, 2.Катар 4, 3.Јапонија 3, 4.Ангола 0

ГРУПА Д

Бахреин – ДР Конго 34:27 (14:12)

Данска – Аргентина 20.30 ч.

Табела: 1.Данска 4, 2.Аргентина 4, 3.Бахреин 2, 4.ДР Конго 0

Scroll to Top