Top Sport

Артуро Видал: Барса не се фер

Клубот не ги исполнил до крај финансиските обврски кон Артуро Видал, поради што чилеанскиот фудбалер на 5 декември поднел тужба против Барселона.

Видал и неговите адвокати тврдат дека според договорот клубот требало, а се уште не му исплатил 2,4 милиони евра.

Шпанските медиуми тврдат дека со тужбата Видал сака да ги натера челниците на Барселона да го продадат во јануарскиот преоден рок.

„Мислам дека не е фер клубот да не ги препознава моите финансиски барања. Јас за ова не сум одговорен. Работата си ја бркаат адвокатот и менаџерот“, изјавил Видал за чилеанското радио АДН.

Тој не сакал да одговори на прашањето за евентуалниот трансфер во Интер.

„На таа тема ќе зборувам кога ќе се вратам во Шпанија. Сега сум на одмор“, изјавил Видал.

Видал поднел тужба против Барселона

Scroll to Top