Top Sport

Само три тима во Серија А се пред Леонардо Бонучи

Само три тима имаат повеќе победи во Серија А од Леонардо Бонучи во декадата што изминува. Оваа интересна информација ја објави порталот „ОптаПаоло“ кој се занимава со фудбалска статистика.

Бонучи во ерата на Антонио Конте и Масимилијано Алегри освоил седум шампионски титули, пауза направи само кога една сезона го носеше дресот на Милан.

Јувентус со години доминира во Серија А, а Бонучи како стандарден член на тимот забележал 212 победи со „старата дама“.

„ОптаПаоло“ објави дека само три тима во изминатата деценија имаат повеќе победи од Бонучи.

Еден од тие тимови е Јувентус (260), а другите два се Наполи (218) и Рома (214).

Зад себе Бонучи остави звучни фудбалски клубови: Интер, Лацио, Милан, Фиорентина….

Инаку Бонучи како играч на Бари, Милан и Јувентус одиграл 347 натпревари.

Scroll to Top