Фудбалерот на Челси, Еден Азар, решил да се пресели во Реал Мадрид, пренесува „АС“. Белгиецот сега ќе чека клубовите да постигнат договор околу обесштетувањето.
Азар никогаш не криел дека сака да игра за Реал Мадрид. Главен адут на Реал, околу трансферот, сега е Зинедин Зидан кој минатата недела се врати во Мадрид. Францускиот тренер исто така не крие дека Азар му е еден од омилените фудбалери.
Прашање е само колкава сума ќе побараат од Челси за да го пуштат Азар. Белгиецот има договор со „сините“ до јуни 2020 година и овој преоден рок е последна шанса клубот да инкасира добра сума за пари од неговиот трансфер.
„АС“, тврдат дека Реал ќе платат за Азар 120 милиони евра.
Еден Азар оваа сезона во Премиер лигата има одиграно 29 натпревари и постигнато 13 гола.