Top Sport

АС: Дани Олмо е во опасност

Дани Олмо и Пау Виктор се во неволја пред вториот дел од сезоната, бидејќи на Барселона и истекува времето за нивна регистрација.

Барселона има уште три недели да ги најде парите што и се потребни за да ги регистрира двајцата фудбалери. За сега клубот не успеа да реализира ниту една од идеите.

Поранешниот играч на Динамо беше пријавен само за воведниот дел од сезоната, откако Барселона го искористи правилото според кое и беше дозволено да воведе нови играчи во протоколот, поради повредите на Роналд Араухо и Андреас Кристенсен

Истовремено, клубот доби дозвола да искористи 80 отсто од сумата одредена за платите на повредените Араухо и Кристенсен.

Бидејќи ист играч не може двапати во една сезона да биде пријавен во ист клуб, на Олмо и Виктор им се заканува неиграње во вториот дел од сезоната.

Олмо пристигна во Барселона во летниот преоден рок на Лајпциг во трансфер вреден 55 милиони евра, кој со бонусите ќе ја пробие границата од 60 милиони.

Шпанските медиуми пишуваа дека на Барселона и се потребни 50 милиони евра за продолжување на регистрацијата до 31. декември.

Неодамна каталонски „Спорт“, тврдеше дека клубот е во преговори за „продажба на ВИП места на стадионот во следните 20 години, што веднаш треба да им донесе 200 милиони евра“.

„АС“, во текстот со наслов „Дани Олмо е во опасност“ пишува дека клубот почнува да се грижи за моменталната ситуација, но и додава дека постои одреден степен на доверба дека претседателот Џоан Лапорта ќе успее да го реши проблемот.

Олмо досега за Барселона одигра 12 натпревари, од кои повеќето на позицијата офанзивен играч за врска. Тој постигна шест гола, од кои еден на три натпревари во Лигата на шампионите и пет во девет натпревари во Ла Лига.

Scroll to Top