Лука Јовиќ, 21 годишниот српски напаѓач од наредната сезона ќе го носи дресот на Реал Мадрид, објави весникот „АС“. Според истиот извор, Реал на Ајнтрахт за овој трансфер ќе им плати 60 милиони евра. Дваесет отсто, односно 12 милиони евра, ќе и припаднат на Бенфика, а Ајнтрахт ќе има и дваесет отсто од наредниот трансфер на Јовиќ.
Лука Јовиќ со Реал ќе потпишел шест годишен договор. Според „АС“, Реал го забрзале процесот околу реализација на трансферот бидејќи Јовиќ им бил интересен на уште неколку тимови.
Преговорите траеле неколку недели и конечно биле завршени. Јовиќ ќе биде второто засилување за Реал, откако клубот веќе потпиша договор со Едер Милитао од Порто.