Top Sport

АС: Мбапе во јануари ќе потпише со Реал, Екип: Нема шанси тоа да се случи до крајот на сезоната

Ждрепката која во осмина-финалето, во Лигата на шампионите, ги спои ПСЖ и Реал Мадрид, ќе го спречи „кралскиот клуб“ по Нова година да објави дека напаѓачот од наредната сезона ќе стане жител на Мадрид.

Сагата во врска со Мбапе која трае речиси две години, кулминираше минатото лето, кога напаѓачот ја одби последната понуда да остен во ПСЖ. Во Париз наводно подготвувале нова понуда која ќе му биде презентирана пред Нова година.

Водечките медиуми во Франција и Шпанија различно пишуваат во врска со ова атема.

„Познато е дека за 16 дена, Мбапе ќе може да преговара со Реал. Кога ќе дојде тој момент, Мбапе го седне со претставници на клубот и ќе потпише договор до 2028 година. Сепак официјалино трансферот ќе се случи по 9.март, кога ќе биде одигран реваншот во Лигата на шампионите помеѓу Реал и ПСЖ“, пишува „АС“.

Од друга страна „Екип“ тврди дека ништо нема да се случи пред март 2022 година.

„Ништо нема да потпише додека не бидат одиграни дуелите во ЛШ. Преговорите со ПСЖ продолжуваат, но нема никаков напредок. Работите се песимистички за ПСЖ, засега се оди во тој правец, дека Мбапе бесплатно ќе замине од клубот. Во август ја одби понудата која ќе го направеше играчот со најголема плата во ПСЖ“, пишува „Екип“.

Scroll to Top