Top Sport

АС: Модриќ и следната сезона ќе биде играч на Реал

Лука Модриќ ќе остане во Реал Мадрид и во сезоната 2023/2024. „АС“, тврди дека договорт е постигнат на состанокот со првиот човек на Реал, Флорентино Перез. Овој извор , тврди дека Модриќ во голем стил ќе ја заврши кариерата во белиот дерс.

„Како што е познато, неговиот договор важеше до крајот на сезоната и имаше голема неизвесност за неговата иднина. Не поради неговите настапи (кои не се во прашање) или неговата возраст (неговата физичка подготвеност е неверојатна), туку поради клупската политика“, пишува „АС“, потсетувајќи на праксата што ја има Реал кога се во прашање договорите со постарите играчи.

„АС“, пишува дека „најважниот чекор Лука да остане во Мадрид до 30 јуни 2024 година е веќе направен“.

„Модриќ неодамна разговараше лично со Флорентино Перез за да му ја пренесе својата приоритетна желба, а тоа е да продолжи уште една година на новиот Бернабеу и да го напушти клубот со голем стил во 2024 година“, продолжува текстот и се посочува дека следната сезона. треба да стигне до 500 одиграни натпревар за Реал.

Scroll to Top