Шпански „Ас“ пишува дека Лука Модриќ може да си замине од Реал Мадрид до крајот на преодниот рок.
Од почетокот на сезоната се знаеше дека Анчелоти ќе им даде шанса на помладите играчи, но никој не можеше да очекува дека Лука Модриќ ќе има лимитирана минутажа.
Хрватскиот репрезентативец оваа сезона одигра 24 натпревари за Реал, но на 17 беше замена. На теренот мина само 1.250 минути поради што е незадоволен.
Шпанците тврдат дека тој е особено лут на претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, кој не го почитува нивниот договор од минатото лето кога Модриќ реши да го продолжи договорот.
По мечот со Лас Палмас во саботата, Модориќ незадоволството му го искажал и на тренерот Карло Анчелоти.
„Ас“ објаснува дека Модриќ не планира да остане во редовите на Реал. Иако во последната година неколку пати одбиваше понуди од Саудијците. Сега Шпанците тврдат дека можно е Модриќ до крајот на преодниот да заврши во Ал Хилал, кој е подготвен веднаш да го откупи неговиот договор.