Top Sport

„АС“: Роналдо без обесштетување ќе замине од Јувентус

Шпанските медиуми повторно шпекулираат ека Кристијано Роналдо ќе го напушти Јувентус по завршувањето на сезоната. „АС“, оди чекор понапред и тврди дека Португалецот без обесштетување ќе замине од Торино.

Овој извор, пишува дека платата на Роналдо е голем товар за клубот, во ситуација кога Јувентус бележи минус поради кризата што ја предизвика коронавирусот.

Јувентус, на Кристијано Роналдо, му плаќаат 31 милиони евра годишно. „АС“, пишува дека Јуветнус ова лето би можеле да заштедат околу 86 милиони евра.

Други медиуми минатата недела пишуваа дека Роналдо е незадоволен во Торино и дека би можел да се врати во Реал. Сепак, Роналдо, синоќа откако го постигна 770 гол во кариерата и на првото место на вечната листа го престигна Пеле, на Инстаграм напиша дека има да заврши уште многу работа во црно-белиот дрес.

Кристијано Роналдо има договор со Јувентус до јуни 2022 година.

Scroll to Top