Top Sport

АС: Зидан пречкртал петмина

Зинедин Зидан ќе добие рекордна сума на пари за да го засили тимот во летниот преоден рок. Дел од тие пари Реал ќе ги добие од продажбата на неколкумина играч кои имаат долг стаж во клубот.

Зидан, како што пишува „АС“, на пет мина им ја соопштил одлуката дека нема да смета на нивните услуги наредната сезона.

Прв на таа листа е Герет Бејл. Преставници на клубот, на 8 април, имале состанок со менаџерот на Велшанецот и му соопштиле дека Бејл може да бара нов клуб. Бејл во последните два натпревари одигра вкупно 29 минути.

Уште еден напаѓач ќе го напушти Мадрид, а тоа е Маријано Дијаз, кој по враќањето од Лион, не доби вистинска шанса кај ниту еден од тројцата тренери.

Зидан подготвува и реконструкција во редот за врска, а според истиот извор нови клубови ќе си бараат Дани Себаљос, Маркос Љоренте и Тони Крос. На оваа листа би можел да се најде и Иско, но тој допрва требало да разговара со Зидан.

Scroll to Top