Top Sport

Асамоа Гијан ќе отвори авио-компанија

Асамоа Гијан е подготвен за живот по крајот на фудбалската кариера. 31-годишниот фудбалер од Гана, кој сега настапува за турскиот Кајсериспор, доби лиценца за приватна авио-компанија, која му ја додели лично претседателот на африканската земја, Нана Акуфо-Адо.

Акуфо-Адо потврди дека авио-компанијата на Гијан ќе биде наречена „Бејби џет“, според неговиот хип-хоп проект.

„Му благодарам на претседателот и ова е само поттик да работам напорно со мојот тим и да ја отвориме авио-компанијата што е можно побргу“, изјави Гијан.

Scroll to Top