Top Sport

Асамоа Гијан вртеше милиони сега на сметката има само 600 фунти

Во денешно време професионалните фудбалери заработуваат многу пари. Некои од нив паметно ги инвестираат и се обезбедуваат егзистенција до крајот на животот, а има и такви што парите ги трошат многу бргу, на луксуз (јахти, автомобили, луди журки).

Еден од таквите е поранешниот репрезентативец на Гана, Асамоа Гјан, кој објави дека на својата сметка има само 600 фунти!

Во еден период, Гијан, беше еден од најплатените фудбалери во светот. Додека играше во Кина, во екипата на Шангај СИПГ (2015-2017), тој неделни заработувал 227.000 фунти (околу 250.000 евра).

 

View this post on Instagram

 

JAH GUIDE?

A post shared by Asamoah Gyan (@asamoah_gyan3) on

33-годишниот напаѓач минува низ тежок период, пред неколку месеци покренал бракоразводна парница со сопругата, со која им атри деца. Интересно, Гијан покренал и процес на ДНК анализа бидејќи се сомневал дека децата се негови.

„Внимавај добро кого го храниш. Разбери дека некои луѓе ќе ја користат енергијата само за да каснат откако ќе ги нахраниш“, порачал во ноември на „ИНстаграм“, Гијан.

Тој во моментов е играч на Кајсериспор, но наводно клубот не го плаќал. Гијан во кариерата играл за Удинезе, рен, Сандерленд, Ал Аин, а во фудбалскиот свет е познат по промашениот пенал на СП во Јужна Африка.

Во четврт-финалето против Уругвај, Гијан не реализира пенал во 120.минута, а потоа во пенал-рулетот Уругвајците беа поуспешни и се пласираа во полу-финалето.

 

View this post on Instagram

 

✌️

A post shared by Asamoah Gyan (@asamoah_gyan3) on

Scroll to Top