Фудбалерите на Виљареал забележаа победа од 1:0 во дуелот Хетафе во првиот меч од неделната програма во Ла Лига. Апсолутен херој на мечот е голманот на Виљареал, Серхио Асенхо, кој одбрани два пенали.
Единствениот гол на „Ел Мадригал“ го постигна младиот Турчин Унал во третата минута, а главен „виновник“ што потоа мрежите мируваа е голманот на „жолтата подморница“ Серхио Асенхо.
Тој најпрвин му одбрани пенал на Анхел во 36.минута, а 15 минути подоцна беше поуспешен и од Молина.
Виљареал со оваа победа стигна до петтата позиција со 41 бод. Хетафе е 10. до 33 бода.