Top Sport

Виљареал го суспендира Семедо

Фудбалскиот клуб Виљареал го суспендира Рубен Семедо бидејќи е обвинет за обид за убиство. Клубот на овој начин се дистанцира од сериозните обвинувања со кои е соочен Португалецот.

„Виљареал се оградува од обвинувањата кои судот број 6 во Лирија му ги изреча на Семедо. Почитувајќи го правилото дека „секој е невин додека не се докаже споритвното“ клубот реши да го суспендира играчот, кој нема да добива плата се додека биде донесена конечната одлука“, наведе клубот во официјалното соопштение.

Семедо (23) во летниот преоден рок за сума од 14 милиони евра од екипата на Спортинг Лисабон пристигна во Виљареал.

Португалецот е обвинет за обид за убиство, како и за грабеж, напад, држење во заложништво и поседување на нелегално оружје.

Семедо уапсен и обвинет за обид за убиство!

Scroll to Top