Top Sport

Асенсио добил две понуди да го напушти Реал

Реал Мадрид го чека голема работа во летниот преоден рок. Клубот ќе биде активен на трансфер пазарот, но ќе мора да води преговори со играчи чии договори истекуваат во јуни 2023 година.

Еден од нив е Марко Асенсио. Неговиот договор истекува наредната сезона, тој сака да остане во Мадрид, но има и две други понуди.

Тотенхем и Милан, според шпанските медиуми, покажале сериозен интерес за крилниот напаѓач.

Приоритет на Асенсио е да остане во Реал, но пред да ја донесе конечната одлука, ќе почека да види кој ќе пристигне во клубот во летниот преоден рок.

Медиумите тврдат дека Килијан Мбапе ќе се пресели во Мадрид, а клубот се обидува да го договори Ерлинг Халанд.

Доколу двајцата пристигнат на „Сантијаго Бернабеу“, Асенсио би можел да го напушти клубот. Јасно е дека со Винисус, Бензема и Родриго, конкуренцијата за место во нападот ќе биде пеколна.

Scroll to Top