Top Sport

Асенсио ги крши плановите на Реал, не сака преселба во Тотенхем и Милан!

Реал Мадрид сакаат да го продадат шпанскиот фудбалер Марко Асенсио (25) и имаа две понуди за крилниот напаѓач, но тој ги одбил и двете понуди.

Заинтересираност за Шпанецот кој има многу проблеми со повреди во последните неколку години покажаа лондонски Тотенхем и калчолигашот Милан. Иако тој нема задоволителна минутажа во Кралскиот клуб, ги одбил и двете понуди.

Неговите намери е да се врати на големата сцена, но во дресот на клубот од „Сантијаго Бернабеу“.

Асенсио има желба да се избори за место во стартниот состав во тимот кој сега е предводен од Карло Анчелоти.

Scroll to Top