Top Sport

НБА ѕвезда бара молитви за него – „Простете ми ако сум ве навредил“

Поранешниот НБА кошаркар Седрик Себалос поради тежок облик на инфекција од Ковид 19 се наоѓа во една од американските болници. Екс-играчот на Феникс Санс, ЛА Лејкерс и Мајами Хит на друштвените мрежи побара молитва за неговото здравје.

„Десетина дена на интензивна нега, Ковид 19 ме `удира по задникот`. Барам од семејството, пријателите и лекарите да се молат за мое опоравување. Ако на некого сум го навредил, дозволете ми јавно да се извинам. Мојата борба не е готова“ напиша 52-годишниот Себалос.


Тој беше популарен во НБА лигата во деведесетите години од минатиот век. Беше победник во натпреварот на забивања на Ол-стар викендот во 1993 година.
За Лејкерси со успех играше од 1994 до 1997 година.

Scroll to Top