Марко Асенсио нема намера да го напушти Реал Мадрид, иако бил горд што други тимови се интересираат за неговите услуги, изјавил неговиот менаџер Орасио Гаџоли. Медиумите шпекулираат дека 22-годишниот фудбалер би можел во јануари да си замине од Мадрид и да ја продолжи кариерата во Англија или во Интер.
„За Марко голема е чест тоа што клуб каков што е Интер покажува интерес за него. Не знам дали тоа е вистина или не, но во овој момент Асенсио нема намера да го напушта Реал“, рекол Гаџоли.
Инаку, Асенсио поради повреда нема да биде во тимот на Реал во јануари. Во тековната сезона тој има настап на 25 натпревари.
Откупната клаузула во неговиот договор изнесува 115 милиони евра.