Top Sport

Асенсио се поигра со Ливерпул и Алисон – Реал има 2:0!

Реал Мадрид има убава предност од 2:0 по првите 45 минути од мега-дуелот од четврт-финалето на Лигата на шампионите против Ливерпул, откако прво Винисиус Жуниор, а потоа посебно Марко Асенсио се „поиграа“ со тимот на Јирген Клоп.

Бразилецот Винисиус во 27. минута доби совршено додавање од Тони Крос за да донесе 1:0 водство за ослабениот тим на Зинедин Зидан, а во 36. минута, Марко Асенсио имаше фантаситчен лоб за да го совлада излезениот голман Алисон и да донесе 2:0 предност. Ливерпул засега нема одговор на оваа игра.

На „Етихад“, пак, Манчестер сити водат со 1:0 против Борусија Дортмунд, откако Кевин де Брујне во 19. минута стрелаше за 1:0. На Сити исто така прво им беше досуден пенал по фаулот на Емре Џан, но потоа по консултација со ВАР, одлуката беше сменета.

Scroll to Top