Top Sport

Винисиус даде гол па му се поклони на Крос, Де Брујне „удри“ против Дортмунд

Винисиус Жуниор доби неверојатна топка од огромна далечина од Тони Крос, за во 27. минута од четврт-финалето на Лигата на шампионите да ги донесе Реал Мадрид до 1:0 водство против Ливерпул, покажувајќи квалитет кога тоа е најпотребно.

Винисиус убаво се снајде во одбраната на „црвените“, но сепак, „топката со очи“ на Крос заслужува аплаузи.

Манчестер сити имаат 1:0 водство против Борусија Дортмунд во првиот меч од четврт-финалето на Лигата на шампионите, откако Кевин де Брујне прво имаше фантастичен спринт за да се најде во вистинска ситуација и да постигне уште еден гол против германски противник на „граѓаните“.

Де Брујне, кој дел од кариерата помина во Волфсбург, претходно стрелаше и против Борусија Менхенгладбах во осминафиналето.

Scroll to Top