Top Sport

Асистентот на Мурињо доби суспензија од еден месец поради навреди и закани

Асистентот на Жозе Мурињо, Салваторе Фоти доби суспензија од еден месец поради навредите кои ги искажал против судијата Михаел Фабри на мечот Рома-Кремонезе, и дполнителни закани кон директорите на Кремонезе.

Рома испаднаа од Копа Италија од Кремонезе во средата по 1:2 поразот на „Олимпико“, по што Фоти го навредувал судијата во тунелот, а потоа се заканувал кон директорите и резервните играчи на ривлите. Фитнес-тренерот на Рома, Стефано Рапети исто така доби едномесечна суспензија.

Фоти, кој е поранешен напаѓач на Сампдорија, е дел од неговиот тим од јануари 2022, а кога Мурињо беше суспендиран, тој беше на чело на тимот во четири меча, во кои Рома оствари четири победи.

Scroll to Top