Top Sport

Италијанско трио тргнува по потписот на Илкај Гундоган

Капитенот на Манчестер Сити, Илкај Гундоган, најверојатно ќе го напушти „Етихад“ на крајот на сезоната. Тој влезе во последните шест месеци од соработката со „граѓаните“.

Германскиот интернационалец не ја продолжи верноста и како што сега стојат работите, од лето ќе ја промени средината.

За него е заинтересирана Барселона, но во трката влегуваат и три тима од Серија А, Милан, Јувентус и Интер.

Засега се чини дека „нероаѕурите“ имаат предност затоа што му гарантираат настап во Лигата на шампионите.

Гундоган пристигна во Манчестер Сити во 2016 година од Борусија Дортмунд за 27 милиони евра.

Scroll to Top