Top Sport

Аспиликуета: Чави сигурно ме разбира, Лондон е мојот дом

Шпанскиот репрезентативец Цезар Аспиликуета, во пресрет на осминафиналната пресметка со Мароко, откри зошто решил да остане во Челзи во текот на летото и покрај тоа што Барселона покажа сериозен интерес за него.

„Челзи имаше опција да ми го продолжи договорот на уште една година, но само доколку одиграм најмалку 30 натпревари во претходната сезона. Никогаш порано не сум бил слободен агент. Новите сопственици предводени од Тод Боли го купија клубот и јасно ставија до знаење дека сакаат да останам. Лондон е мојот дом, моите деца зборуваат англиски подобро од шпански. Верувам дека Чави ја сфати мојата одлука. Нема простор за недоразбирање ако ситуацијата е јасна“, изјави 33.годишникот.

Аспиликуета, пристигна во Челси во 2012 година, кога „сините“ му платија на Марсеј седум милиони евра за неговите услуги. За време на престојот на „Стамфорд Бриџ“ двапати го освои трофејот во Премиер лигата, еднаш Лигата на шампионите, двапати Лигата на Европа и еднаш Светското клупско првенство.

Шпанецот досега 493 пати го има облечено дресот на Челзи, постигна 17 гола и запиша 54 асистенции. Пред почетокот на тековната сезона тој се согласи да ја продолжи соработката со лондонскиот клуб, новиот договор му истекува на крајот од сезоната 2023/24.

Scroll to Top