Шведска се „самоуби“ во квалификациите за Светското првенство. Две кола пред крајот, Швеѓаните го држеа првото место во групата, но поразите во Грузија и Шпанија, ги спуштија втората позиција. „Трите круни“, сега по потешкиот пат ќе се обидат да дојдат до Катар.
Шведска, синоќа, гостуваше во Севилја, одигра лош меч, кој го реши Алваро Мората во 84.минута.
Најдобриот Швеѓанец, Златан Ибрахимовиќ, тешко го поднесе поразот од Шпанија.
Во финишот на натпреварот, немоќта ја покажа кога без причина од зад грб го удри Сезар Аспиликуета. За неспортскиот потег доби само жолт картон.
NOOOO ATROPELLARON A AZPI ?????? pic.twitter.com/8Dw5wysLcr
— Falcons (@Falcons) November 14, 2021