Top Sport

Асприлја: Го „направив“ Креспо напаѓач со совети за секс

Легендарниот колумбиски напаѓач Фаустино Асприлја вели дека неговиот поранешен колега, Аргентинецот Ернан Креспо станал еден од најдобрите напаѓачи на светот со помош на него и неговиот совет за сексуалниот живот.

Во разговор со поранешниот колумбиски соиграч Карлос Валдерама, поранешниот напаѓач на Парма вели дека во 1996 година на „Валданито“ му дал вистински совет, кога Креспо пристигна да го замени по трансферот во Њукасл.

„Првите неколку месеци луѓето го критикуваа и тоа му пречеше. Неговиот агент, Маскарди беше очаен и ми се јави и ми кажа: ’Момчето се плаши, дали можеш да разговараш со него?’. Прво го прашав: ’Кога последен пат си имал секс?’. Тој ми одговори шест месеци. Имав една колумбиска пријателка и го запознав со него и тој почна да има секс. Потоа, никогаш не престана да дава голови. Проблемот беше во сексот“, вели Асприлја.

Scroll to Top