Top Sport

Кабалјеро: Да тренираш со Гвардиола е како да одиш на факултет

Голманот на Челси, ветеранот Вили Кабалјеро вели дека се чувствувал како тинејџер кој пристигнал на факултет кога почнал да работи со Пеп Гвардиола во Манчестер сити.

Аргентинецот работеше со Гвардиола, пред да направи трансфер во Челси, каде што неодамна го продолжи договорот, но импресиите останаа и тој вели дека секој ден е како да одиш на училиште.

„Со Пеп Гвардиола како да одиш на универзитет. Поминав една година со него во Сити, и секој ден учев нешто ново. На теренот, гледајќи видеа или само со разговор, кога ќе дојде до тебе и ќе ти ги објасни работите. Не му е проблем да учи некого на 34 години, колку што имав јас. Вистински учител“, вели Кабалјеро.

Годината со Гвардиола беше последната од трите сезони на Кабалјеро со Манчестер сити по трансферот од Малага во 2014 година. Кабалјеро имаше само 23 настапи во Премиер лигата со Сити, но беше редовен ов куповите, спасувајќи три пенали во победата над Ливерпул во финалето на Лига купот во 2016.

„Мануел Пелегрини ме убеди да одам со него во Манчестер сити, иако ми беше добро во Малага. Ми вети дека ќе бидам стартер во сите купови, иако во Премиер лигата тука беше Џо Харт“, додава Аргентинецот.

Scroll to Top