Андреас Гарсија, поранешен играч на Леванте, е новото засилување за Астон Вила.
Шпанецот кој има 21 година игра на позицијата десен бек или десно крило. За првиот тим дебитираше во 2022 година и досега постигна четири гола на 46 натпревари.
Според информациите на британските медиуми, Вила за трансферот издвои шест милиони фунти плус еден милион за бонуси.
Гарсија е второто засилување за тимот од Бирмингем во зимскиот преоден рок. Пред него од Борусија Дортмунд пристигна Дониел Мален.