Top Sport

Астон Вила го донесоа Дринквотер, ги чекаат Рејна и Пјонтек

Астон Вила објави дека до крајот на сезоната во тимот ќе го имаат како позајмен играч од Челси, Дени Дринквотер. Челниците на Вила се надеваат дека до крајот на преодниот рок ќе успеат да ги ангажираат од Милан голманот Пеп Рејна и напаѓачот Кшиштоф Пјонтек.

Поранешниот англиски репрезентативец Дринквотер првиот дел од сезоната го мина како позајмен играч во Барнли. Позајмицата му истече на 6 јануари и тој веднаш се пресели во Астон Вила откако од Челси се согласиле да му исплаќаат половина од платата.

Дринквотер за сума од 35 милиони фунти во 2017 година замине од Лестер во Челси, меѓутоа во Лондон не успеа да се избори за место во тимот.

Челниците на Вила биле блиску да го донесат голманот на Милан, Рејна. Шпанецот има огромно искуство во Премиер лигата, во периодот од 2005 до 2013 година тој бранеше во Ливерпул.

Тие се обидуваат да го донесат и Пјонтек, понудиле 30 милиони евра меѓутоа Милан бараат 10 милиони евра повеќе за полскиот напаѓач.

Scroll to Top