Top Sport

Дрис Мертенс оди во Јувентус?

Италијанскиот фудбалски шампион, Јувентус е подготвен да го доведе играчот на Наполи, Дрис Мертенс, пишува Калчомеркато.

Информациите од Италија се дека Белгиецот чиј договор истекува во јуни речиси сигурно нема да ја продолжи соработката со клубот од Неапол. Тој влезе во судир со сопствениците на клубот, но сепак малкумина веруваат дека би можело да го засили лутиот ривал од Торино.

Досега се споменуваа како опција Интер и Рома, се додека Јуве не се вмеша и стана прв фаворит како следна дестинација за 32-годишниот офанзивен фудбалер.

Слична ситуација неодамна беше забележана и при трансферот на нашинецот Дејан Кулушевски кој од лето е играч на „Старата дама“ иако многумина веќе го видоа како ново засилување за милански Интер.

Мертенс е втор најдобар стрелец во историјата на Наполи (има само 3 гола помалку од Марек Хамшик). Неговото заминување во торинскиот клуб би бил нов голем удар за навивачите, слично како при заминувањето на Гонзало Игуаин.

Scroll to Top