Top Sport

Астон вила го купува Дијаби од Леверкузен

Астон вила се договориле за трансферот на крилото на Баер Леверкузен, Муса Дијаби во трансфер вреден 40 милиони евра, објавува „Атлетик“.

24-годишниот француски интернационалец беше баран и од саудискиот Ал-Наср, но се договорил за трансфер во тимот на Унаи Емери. Дијаби пристигна во Леверкузен во 2019 година, откако помина низ младинските категории на Пари Сен-Жермен. Во Бундеслигата тој се промовираше во еден од најдобрите напаѓачи со 49 гола во 172 натпревари за „фармацевтите“.

Дијаби ќе биде трето засилување за Вила овој преоден рок по Јури Тилеманс од Лестер (бесплатен трансфер) и Пау Торес од Вилјареал (30 милиони фунти).

Scroll to Top