Top Sport

Де Хеа ги одбил Интер, сака да се врати во Шпанија

Давид де Хеа одбил шанса да замине во Интер како замена за Андре Онана, кој иронично го зазеде неговото место како прв голман на Манчестер јунајтед, и сака враќање во Шпанија, тврди „Дејли рекорд“.

Де Хеа остана без договор откако Јунајтед решија да не му го продолжат договорот, а Интер му понудиле 5 милиони евра по сезона, но шпанскиот голман бара околу 10 милиони евра плата, по што Интер ќе се фокусираат на Анатолиј Трубин од Шахтјор Доњецк и Јан Зомер од Баерн Минхен.

Де Хеа би сакал да се врати во Шпанија, но неговото високо побарување за плата значи дека малку клубови надвор од Саудиска Арабија можат да си го приуштат.

Scroll to Top