Top Sport

Астон вила го потврдија пристигнувањето на Пау Торес

Aстон вила го остварија својот најголем трансфер ова лето, потврдувајќи го трансферот на шпанскиот дефанзивец Пау Торес од Вилјареал, со што тој повторно ќе работи со поранешниот тренер Унаи Емери.

26-годишниот Торес подолго време беше поврзуван со трансфер во Манчестер јунајтед, но на крајот доаѓа на „Вила парк“ со петгодишен договор како второ засилување ова лето по Јури Тилеманс, кој дојде од Лестер како слободен играч.

Торес ја освои Лига Европа во 2021 година под Емери, кога „жолтата подморница“ го победи Манчестер јунајтед, за во 2022 да стигне со клубот до полуфиналето на Лигата на шампиони.

Scroll to Top