Џек Грилиш, како сега стојат работите, ќе го носи дресот на Астон Вила и наредната сезона. Клубот од Бирмингем, во услови кога клубовите имаа проблеми со финансиите, бара нереално обесштетување.
Англичаните, најавуваат дека потенцијалниот трансгер на Грилиш, ќе биде најголем ова лето во Премиер лигата. Наводно за неговиот потпис се борат клубовите од Манчестер, Јунајтед и Сити.
Меѓутоа, во овој момент Грилиш е премногу скапи, дури и за најбогатите клубови.
Астон Вила за својот капитен бара обесштетување од 130 милиони фунти (150 милиони евра).
Наводно Манчестер јунајтед биле подготвени да понудат нешто повеќе од 100 милиони фунти (115 милиони евра).
Грилиш, минатата сезона, во Премиер лигата, постигна седум гола и забележа 12 асистенции.