Top Sport

Чави: Ќе се вратам кога ќе соберам искуство

Легендарниот фудбалер на Барселона, Чави, открил дека два пати ја одбил да го преземе првиот тим. „Немам доволно искуство“, порачал Чави.

Пред еден месец, голем број новинари го пречекаа Чави на аеродромот во Барселона. Тогаш се шпекулираше дека тој се враќа во Барселона. Во меѓувреме Чави потпиша двегодишен договор со актуелниот клуб Ал Сад.

„Бев шокиран од пораките што ги добив и колкав број на новинари ме пречекаа на аеродромот. Тука навистина немаше ништо, јас само дојдов на одмор“, рекол Чави.

„Нема да брзам. Прво, морам да го испочитувам Куман, тој и понатаму е тренер на овој клуб. Ќе дојде време и за моето враќање. Во овој момент е рано тоа да се случи. Можев тоа да го направам пред една година, но ја одбив понудата, не бев подготвен. Сакам да соберам доволно искуство во оваа работа, дури потоа ќе се вратам“, рекол Чави и открил дека досега два пати ја одбил Барселона.

„Поради разни причини, два пати го одбив клубот. Јас сум навивач на Барселона, но едноставно почувствував дека не е вистинско време за враќање“.

Scroll to Top