Top Sport

Астон Вила и Фенербахче држат лекции во Конференциската лига

Фудбалерите на Астон Вила уште еднаш потврдија дека се главни фаворити за титулата во Лигата на конференции.

Екипата на Унаи Емери, во Холандија го декласира АЗ Алкмар со 4:1.

Тимот од Бирмингем по 23 минути поведе со 2:0 со головите на Бејли и Тилеманс. Предноста играчите на Вилка ја удвоија во првите 10 минути од вториот дел преку Воткинс и Мекгин, за Садик да го ублажи поразот на домаќините.

Во групата Б Гент го демолираше Бреидаблик од Исланд со резултат 5:0. Астана победи во Приштина против Балкани со 2:0 во Ц груата, а Клуб Бриж беше подобар од швајцарски Лугано со 3:1 на гостински терен во групата Д.

Турски Фенербахче продолжи да победува. Клубот од Истанбул вечерва беше подобар од Лудогорец, во групата Х, со 3:1.

Фенер поведе во 42. минута со голот на Миши Башуаи, Словенецот Миха Зајц зголеми на 2:0, а надежите на Бугарите со автогол ги врати Родриго Бекао, но Зајц го реши прашањето на победникот со својот втор гол во самиот финиш. .

Scroll to Top