Ливерпул во луд натпревар и по изведувањето на пенали го елиминира Арсенал од Лига купот, а веднаш по мечот менаџерот Јирген Клоп најави дека во терминот предвиден за четврт-финалето неговиот тим ќе биде во Катар на Светското клупско првенство.
Клоп во својата изјава најави радикален чекор, односно доколку не добијат нормален термин тогаш ќе се повлечат од Лига купот.
Денешната ждрепка одреди Ливерпул да гостува во Бирмингем кај Астон Вила на 17 или 18 декември. Тогаш „црвените“ ќе бидат во Катар, а Лига купот лигата веќе понуди компромисно решение.
„Во јануари имаме два термини за Лига купот. Знаевме дека ќе биде тешко и комплицирано, но ние на оваа тема со Ливерпул разговаравме и пред мечот со Арсенал. Поради тоа сме изненадени од зборовите на нивниот менаџер“, рекол портпаролот на Лига купот.
На двата тима најверојатно како термин за одигрување на натпреварот ќе им биде понуден 8 јануари.
Доколку се согласат тоа значи дека тимот што ќе се пласира во полу-финалето својот дуел ќе го игра во термин во февруари.
Финалето на лига купот ќе се одигра на „Вембли“ на 1 март.