Top Sport

Рома и Јунајтед од договор ги делат 10 милиони евра

Рома има намера да го откупи договорот на Крис Смолинг кој во финишот на летниот преоден рок од Манчестер Јунајтед пристигна на „Олимпико“.

Италијанските медуми објавија дека од Рим на „Олд Трафорд“ била испратена понуда од 10 милиони евра. Според истите извори Јунајтед бараат уште толку за својот дефанзивец.

„Доколку Смолинг сака да остане тогаш ќе разговараме со Јунајтед. Односите помеѓу нашите клубови се одлични, ќе ги разгледаме сите можности“, рекол Џанлука Петрачи.

Смолин досега има одиграно четири натпревари за Рома, а синоќа во победата над Удинезе (4:0) го постигна својот прв гол во новиот клуб.

Scroll to Top