Менаџерот на премиерлигашот Астон Вила – Дин Смит (50) заработи отказ во клубот по петтиот пораз во низа.
Завчерашниот неуспех на екипата против Саутемптон беше беше пресуден за раководството да му се заблагодари на актуелниот менаџер кој три години беше на кормилото на клубот од „Вила парк“.
„После добриот старт минатата сезона, не видовме континуиран напредок во резултатите, изведбите и позициите во Лигата кои ги чекавме. Од таа причина се решивме да направиме промена за да дадеме доволно време на новиот тренер да направи промени“ – се вели во соопштението од клубот.
Thank you for the memories, Dean. pic.twitter.com/PfcSpncqHh
— Aston Villa (@AVFCOfficial) November 7, 2021
Смит од Чемпионшип го донесе клубот во Премиерлигата, играа финале во купот, но во моментов клубот е 15-ти на табелата во Премиерлигата со само 10 поени по 11 кола и на само +2 над зоната за испаѓање.
Минатата сезона Вила ја заврши на 11-тата позиција.