Тврд натпревар одиграа Астон Вила и Арсенал вечерва на „Вила парк“. Императивот победа висеше над главите на домашните фудбалери кои мораа да слават за да се надеваат на опстанок во Премиерлигата. И успеаја во тоа.
Го победија Арсенал со 1-0, а пулените на Микел Артета им помогнаа на домаќините со тоа што не упатија ниту еден удар во рамките на голот на Пепе Реина.
Голот за победа што Астон Вила ја остава во игра за опстанок е дело на Трезеге во 27 минута, по асистенција на Мингс.
Сега, во последното коло Астон Вила му гостува на Вест Хем кој може да испадне од Премиерлигата само ако загуби дома со екстра висока разлика (под претпоставка дека утре ќе загуби на „Олд Трафорд“), а Вотфорд кој гостува токму кај Арсенал слави со речиси двоцифрена разлика.
Вотфорд кој е прв под линија има 34 бода и гол разлика -27, Астон Вила има 34 бода и гол разлика -26, додека Вест Хем има 37 бода, гол разлика -13, но и меч повеќе од конкурентите, утре нагости кај Манчестер Јунајтед.
Математиката ја оставаме за последното коло.