Голманот на Астон Вила и репрезентацијата на Аргентина, Емилијано Мартинез, како што стојат работите ќе остане во Бирмингем.
Голем интерес за најдобриот голман во последните две години, според ФИФА, покажа Јувентус.
Директорот на Астон Вила, Дамијан Видагани, ги отстрани сите сомнежи за судбината на Емилијано Мартинез (33), искусен аргентински голман: „Еми останува со нас, немаме намера да го продадеме. На тимот му е потребно неговото искуство, неговата посветеност. Тој е многу важен елемент во нашиот проект за следната сезона.“
Foto/ Depositphotos
