Top Sport

Астон вила со рекордни 10 победи во низа, обезбеди плејоф за влез во Премиер лигата (видео)

Астон вила стигна до 10-та победа во низа за да обезбеди плејоф за влез во Премиер лигата по 1:0 победа над Милвол на нивниот „Вила парк“.

Џонатан Коџија постигна гол по 30 минути игра и тоа беше доволно за тимот на Дин Смит да се искачи на петтото место на два меча пред крајот на сезоната. Нивното место во плејофот е обезбедено откако Бристол сити загубија со 2:0 од Шефилд венсдеј.

Дерби каунти со драматична 2:0 победа над Квинс парк ренџерс, се искачи на шестото место, последно кое води во плејофот.

На врвот на табелата со најголеми надежи за директен пласман се Норич (88 поени) и Шефилд јунајтед (85 поени), по што следуваат Лидс јунајтед (83 поени), ВБА (77 поени), Астон вила (75 поени) и Дерби каунти (67 поени).

Scroll to Top