Top Sport

Асу-Екото „удри“ по Мбапе: Велиш ја сакаш Африка, а не си бил таму!

Поранешниот дефанзивец на Тотенхем, Беноа Асу-Екото повторно го критикуваше тинејџерот Килијан Мбапе поради неговите изјави дека Африка не му значи ништо и покрај тоа што двајцата негови родители се оттаму.

34-годишниот Асу-Екото, кој сега игра за Мец, претходно го критикуваше фудбалерот на ПСЖ и новата фудбалска мега-ѕвезда дека не му е грижа за своето наследство. Исто како Асу-Екото, Мбапе е роден во Франција од родители од Камерун (неговиот татко) и Алжир (неговата мајка), но за разлика од Асу-Екото, кој игра за Камерун, Мбапе ја избра Франција и со неа го освои светскиот трон во Русија.

Мбапе сега изјави дека сака да го испочитува своето потекло со развој на фудбалот во Африка при состанок со францускиот претседател Емануел Макрон и либерискиот претседател и поранешна фудбалска ѕвезда, Џорџ Веа.

„Европските фудбалери со африканско потекло ја имаат Африка во срцето и сакаат да помогнат на спортот… Бла, бла, бла… И во исто време играат за европски национален тим“, напиша Асу-Екото.

Откако Мбапе одговори саркастично, Асу-Екото одговори со цитат од францускиот писател Виктор Иго, „Лав кој се споредува станува мајмун“.

Scroll to Top