Top Sport

„Чеканите“ ги оставија Челси без победа (видео)

Вест Хем јунајтед успеа да го задржи Челси на 0:0 во градското дерби, откако „сините“ под водство на Маурицио Сари првпат оваа сезона не успеаја да ги освојат максималните поени.

Вест Хем дури можат да жалат што не успеаја да стигнат до победа, откако Андриј Јармоленко имаше совршена шанса да го совлада Кепа.

И покрај што поголемиот дел од првото полувреме го играа под притисок, Вест Хем ги имаа подобрите шанси, но Михаил Антонио двапати беше непрецизен. Алваро Мората и Андриј Јармоленко имаа по една добра шанса, и во второто полувреме „чеканите“ со подобра одбрана го освои поенот.

Scroll to Top